На каналот Студенчишта во организација на СРК „Св. Апостол Петар“ се одржа првото коло од квалификационите натпревари во сениорска конкуренција   . Најдобрите пет натпреварувачи од сите три кола ќе бидат составен дел на екипата која ќе ги брани боите на СРК „Св.Апостол Петар“  и на Охрид во дисциплината „ Лов риба со јадица на пливка“  во  натпреварите кои ќе се одржат во 2011 година , на домашно и меѓународно ниво.


Уловените риби од натпреварите ќе бидат поклонети на здружението „Богојавление“ и ќе се испржат и поклонат на присутните гости на денот кога се капат рибарите на 20 јануари 2011 г.

Во првото коло постигнати се следните резултати:

   1. Блажески Раде со уловени 4880 грама.
   2. Митиќ Славиша со уловени 4020 грама.
   3. Крстески Душко со уловени 3840 грама.
   4. Ѓорѓиески Коле со уловени 3100 грама.
   5. Петкоски Милан со уловени 3020 грама.
   6. Дамјановски Трајче со уловени 2910 грама.
   7. Махоски Јован со уловени 2690 грама.
   8. Калевски Благоја со уловени 2280 грама.
   9. Секулоски Борче со уловени 1690 грама.

Ohridnews