Марко Блажески е победник на 31 – от пливачки маратон ,  што по повод 2 август Илинден традиционално се одржува во Охрид.


Тој патеката од Горица до Охрид долга 2,5 километри ја мина за 28.04 мин. Место на подиумот обезбедија Александар Илиевски и Горазд Чепишески.

Во женска конкуренција најбрза беше Симона Маринова,втора заврши Вера Блажеска додека на третото место се пласираше Соња Богоевска.

М.П.