Мислам дека ќе биде многу тежок натпревар сите ја знаеме големината на Вардар, но ние работиме, анализираме, се подготвуваме, вели голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески.

Се надевам на уште еден позитивен резултат. Секогаш одбраната ги добива дерби утакмиците. Така ќе биде и оваа утакмица. Се надевам дека ќе одиграме квалитетна одбрана како што одигравме со Алкалоид, додава Блажески.

Натпреварот ГРК Охрид-РК Вардар се игра утре од 18 часот во салата „Борис Трајковски“.

OhridNews