На реакцијата на Тања Бунташеска Паскали, со соопштение реагираше кандидатот за советник на Сојузот за иднината Дејан Блажески:

„Почитувана, јас нема да спорам со вас на начин на кој вие го направивте тоа со мене, нормално заради тоа што ве почитувам и познавам дел од вашето семејство, а и не е пристојно со оглед на годините. Секогаш има нешто над политиката и над функционерската задача, барем за мене. Но, не заборавајте  дека културните наследства им припаѓаат на сите и е сосем нормално секој да има определен став околу нешто што е заедничко.Нити ги донесовте од својот дом ,нити се ваше наследство и оттаму јас незнам како си земате за право да кажете некој дали ги разбира или не и дали некој може да зборува за култруното наследство. Доколку јас денес зборував за вашата дневна соба ќе ја разберев вашата реакција, но вака немате право, верувајте.
Имено, јас денес од вас очекував реакција, но со конкретен одговор на прашањата а не лично повикана.

Точно е дека, не е е пресуден  услов  за една установа да работи поуспешно, големиот број на вработени,  но без археолог, поточно со археолог кој е на боледување долго време, не можете нормално да функционирате.Почитувана, не мора да сте експерт за да знаете дека за да работи, на пример една болница, нужно е истата да има лекар. Јас знам дека мотото е 24/7, но кога зборувате колку работеле  исто така знам дека прекумерната работа мора да биде платена. Така е во секоја нормална правна држава.

Второ, јас милувам да зборувам за документи, така што вие сигурно знаете дека договорот за Перивлепта е потпишан во 2009, и за три години требаше да заврши целосно, оттаму е нашава реакција, затоа што на експертитие премногу им  е  чуден долгиов процес на сушење. Реставраторите на фреските кои беа ангажирани од Италија, оддамна не биле во Охрид, нормално ако не ја сметате опремата која ја имаат оставено овде.

Трето, прашавме дали вие дизајниравте флаери за ДПМНЕ, а вие ни одговоривте само за печатењето.

Од друга страна, на денешниот прес јас само ја пренесов пораката од многу ваши колеги и експерти од вашата област, кои работат за коалицијата Сојуз за иднината, што влегува во описот и пописот на мојата задача како ПР на штабот Сојуз на иднината. Верувајте дека секогаш кога мене ќе ме видите на говорницата тоа е аргументиран прес, во кој на крајот на краиштата  вие не бевте со име и презиме прозвана, А ЦЕЛИОТ  ТЕКСТ БЕШЕ ВО ПРАШАЛНА ФОРМА.“-стои во реакцијата на Дејан Блажески, портпарол на Сојуз за Иднината.

OhridNews