Охрид Лоте нанижа два порази во серија откако загуби на домашен терен од Беласица и на гостувањето од Локомотива. Избранците на Трифуноски имаат одлична можност серијата да ја прекинат пред своите гледачи со ЕуроМилк.


Главен судијата на натпреварот е Тоде Блажевски од Битола. Помошниците на судијата од “градот на конзулите“ ќе му бидат  Стојановски Златко и  Клочовски Васко.


Првиот натпревар помеѓу ЕуроМилк и Охрид Лоте кој заврши во полза на домашните со 1-0 исто така го водел битолчанецот Тоде Блажевски.

Мх.П.