Противниците на Македонија во квалификациите за Светското првенство во Бразил, Србија, Хрватска, Шкотска, Велс и Белгија исто како и “црвено жолтите“ одиграа пријателски натпревари. Македонија се избори за сензационално реми со петтата селекција во светот Португалија.


Хрватска со 3-1 ја совлада Естонија, стрелци на головите за “коцкастите“ беа Чорлука, Калиниќ и Вукојевиќ. Србија претрпе пораз од бранителот на трофејот на ЕП, Шпанија со 2-0. Во пријателските мечеви, најслабо помина Шкотска која изгуби 5-1 од Америка.

Мексико беше подобар од Велс со 2-0 додека Белгија ремизираше со Црна Гора играјќи 2-2.

Мх.П.