Блескав настап на театарската група на Црвен крст Охрид на отворањето на „Вдиши театар“
13.06.24 09:15
Тесен беше просторот на летната сцена во предворјето на црквата Св.Софија, да ги собере сите љубители на театарската игра, кои вчера дојдоа да „ВДИШАТ ТЕАТАР“ и бидат дел од отворањето на деветтото издание на Меѓународниот Аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, кој како предвесник на охридското културно лето, во организација на Црвен крст Охрид, се реализира од 12-16 јуни во Охрид.
Блескав настап имаше театарската група на Црвен крст Охрид која ја изведе театарската претстава „УТРЕ“ во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц и кореографија на Даниел Наумоски.
Нашите млади, талентирани актери, на креативен и многу реален и сликовит начин ја прикажаа вербата, надежта и борбата за подобро УТРЕ, соочени со силните притисоци и контрола од страна на моќниците-
„ОКОТО“.
Втората вечер од театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, е резервиран за две театарски претстави во Центарот за култура „Григор Прличев“. Со почеток во 19 ч. театарската група на Црвен крст Бар, Црна Гора ќе ја прикаже театарската претстава „ПОТРАГА ПО ИЗГУБЕНОТО БОГАТСТВО“, а во 21 ч. ќе настапат актерите на Црвен крст Крагуевац, Србија, со театарската претстава „НА НИВ, ЗА НИВ“.
Владо Броз и Марама со нова песна – „Скопјанка“ за крај на летото Популарниот охридски музички тандем Владо Броз и Марама ја промовираше новата песна насловена „Скопјанка“, која од денеска е достап...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Дејан Војвода“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“ и дел од „Булевар Туристичка’’, информираат од ЈП...
Со шест натпревари синоќа започна новата сезона 2026/27 во фудбалската Лига на шампиони, а уште шест средби од првото коло во лигашката фаза ќе се одиграат вечерва Најголемо внимание на отворањето ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.