Златан Ибрахимовиќ блесна на дебито во МЛС лигата постигнувајќи два погодоци за неговата екипа ЛА Галакси во триумфот 4-3 против градскиот ривал Лос Анџелес. Швеѓанецот во игра влезе во 71-та минута кога неговата екипа имаше негатива 3-2. Пет минути му беа доволни на Ибра да го постигне првиот гол, а во судиското продолжение со вториот погодок го комплетираше пресвртот.
OhridNews









