Холандската фудбалска репрезентација го претрпе вториот пораз во петтата рунда во квалификациите за пласман на СП во Русија, откако изгуби од Бугарија (2-0) во Софија.


– Одигравме ужасно, односно ништо не одигравме и тоа беше јасно. Не знам и самиот зошто го почнавме натпреварот лошо. Вината за поразот ја преземам јас и воопшто не ги обвинувам играчите. Не можам да ви објаснам како и колку сум разочаран од поразот, бидејќи се надевав на добар натпревар и победа. – изјави Дени Блинд селекторот на Холандија.


После неуспехот „лалињата“ паднаа на четвртата позиција во А групата со шест бодови помалку од лидерот Франција, три од второпласираната Шведска и со два бодови дефицит во однос на Бугарија.

Шанса за поправен холандските репрезентативци ќе имаат на 9 јуни на домашен терен против репрезентацијата на Луксембург.

СП: „Лалињата“ овенаа во Бугарија, јубилејни голови за Роналдо во Португалија (видео)

OhridNews