Португалскиот стратег Жозе Мурињо немаше пријатно гостувањето со Манчестер Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“ во рамките од 1/4 финалето во ФА Купот, откако неговиот тим изгуби од Челси (1-0), а навивачите на „сините“ го исвиркаа некогаш омилениот менаџер на клупата.


После црвениот картон на Андер Ерера во 35-та минута Мурињо имаше блиска средба со менаџерот на Челси, Антонио Конте, а домашните навивачи очекувано застанаа во одбрана на својот менаџер.


– Можат да ме нарекуваат како што сакаат. Јас сум професионалец и го бранам мојот клуб. Се додека некој менаџер на Челси не освои четири титули, јас сум број 1. Кога ќе имаат тренер кој освоил четири титули јас ќе бидам број 2. Но до тогаш, Јуда е број 1. – изјави Мурињо после натпреварот.


Челси за противник во 1/2 финалето го доби Тотенхем, додека во втората полуфинална двојка ќе се сретнат Арсенал и Манчестер Сити. Двата полуфинални натпревари се играат на Вембли стадионот на 22 и 23 април.

ФА Купот добива нов шампион, Челси го елиминираше првакот (видео)

OhridNews