Менаџерите на Арсенал и Саутемптон, Арсен Венгер односно Роналд Куман имале блиска средба во тунелот од Емирати по мечот кој заврши без голови и без победник.
„Топчиите“ имаа голем посед на топката, безброј шанси, но не успеа да го совладаат голманот Фрејзер Форстер кој имаше 5-6 фантастични интервенции.
Во тунелот според очевидците Венгер му рекол на Куман, „Секогаш истото против тебе“, а холандскиот стручњак возвратил „Имаше десет прилики за погодок, зошто не реализираше ниту една“.
Арсенал четири натпревари по ред нема победа во Премиер лигата, а на три од нив нема постигнато погодок.
OhridNews











