Тензиите на Блискиот Исток нагло се зголемија по серијата напади на САД и Израел врз цели во Иран, по што Техеран возврати со одмазднички удари. Според официјални извори, нападите биле насочени кон воена инфраструктура и објекти за кои западните сојузници тврдат дека се поврзани со иранската нуклеарна програма и воени активности.


Во жестоките ракетни напади на САД и Израел врз Иран што започнаа рано утрото во саботата, убиен е ајатолахот Али Хомнеи, како и повеќе високи офицери на армијата на таа земја. Веста за смртта на врховниот лидер на Иран ја потврдија властите во земјата во објава на државната телевизија. Во нападите има и цивилни жртви јавуваат тамошните медиуми.

Иранските власти соопштија дека возвратиле со ракетни и напади со дронови врз цели во Израел и земјите од Персискиот залив, оценувајќи ги акциите како легитимна самоодбрана. Во неколку делови од регионот е пријавена материјална штета, а безбедносната состојба останува напната.

Меѓународната заедница повикува на итна деескалација, предупредувајќи дека директен судир меѓу големите регионални актери може да предизвика поширока дестабилизација на Блискиот Исток и нарушувања на глобалните енергетски пазари. Аналитичарите оценуваат дека следните денови ќе бидат клучни за тоа дали кризата ќе се продлабочи или ќе се врати на дипломатски терен.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска попладне, закажа седница на Советот за безбедност. На дневен ред на седницата што ќе се одрѓи во 18:00 часот во Вилата Водно, ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Г.М.
Фото: Скриншот Х