Подолг период вниманието на јавноста, пред се на љубителите на убавиот пишан збор го привлекува блогот „Белиот лебед“ кој на Фејсбук има над 17.000 следбеници и милионски преглед на содржини. Во разговор за OhridNews авторката, инаку учителка и менаџер по по професија, ги открива мотивите да стане блогерка и да се посвети на пишувањето.
ON: Кој е всушност Белиот лебед и што ве мотивираше да го отпочнете овој проект?

ON: За што најчесто пишувате на вашиот блог и од каде ја црпите инспирацијата?
Белиот лебед: На блогот и на страната пишувам буквално за се. Љубовта е можеби најзастапена тема затоа што верувам дека љубовта е двигател на сите нас. Инспирацијата ја црпам од секојдневието. Ситуациите со кои се среќавам во животот,моите и на другите луѓе. Не можам и никогаш не сум можела да останам имуна на сиромаштијата, гладот, војните како и болките кои ги гледам на лицата на луѓето секој ден, така да многу често пишувам и за тие теми како и за омразата која би сакала да ја сведам на љубов.
ON: Комуницирате ли со вашите читатели – следбеници. За што најчесто ви пишуваат?
Белиот лебед: Многу често односно секојдневно комуницирам со моите читатели. Секојдневно добивам пораки во полето за контакт со различни содржини. Некои за да ме поддржат и да ми кажат дека се пронаоѓаат во секој мој збор, други ми пуштаат текстови за да видам дали се добри и дали би можеле некогаш да бидат објавени. Често ми пишуваат дека иако не знаат кој е авторот црпат инспирација од мене и тоа ми дава уште поголем мотив. Луѓето ми пишуваат и за некој нивни проблеми па сакаат да добијат совет што многу често и со задоволство им го давам и секогаш сум тука за секого.
ON: Во светот успешните блогери се влијателни личности во општеството. Како е кај нас?
Белиот лебед: Да, тоа е точно. Во светот успешните блогери се влијателни личности кои и го заслужуваат тоа место. Кај нас мислам дека почнува да се подобрува ситуацијата и луѓето секојдневно ги читаат блоговите, често пати и наоѓаат и помош во истите. Но за да бидеме како во светот треба уште многу. Сметам и верувам дека во Македонија сме неколку успешни блогери, афтори и писатели кои ако не би биле успешни нема да имаат по милионски прегледи. Но за да бидат успешни во оваа бранша мислам дека треба повеќе да го цениме нашето а не туѓото. Да не плукаме по нашите а да ги величиме странските автори, блогери, артисти, музичари итн.
ON: Наскоро од печат треба да излезе вашиот прв роман. Може ли да ни откриете нешто околу неговата содржина?
Белиот лебед: Да со гордост можам да кажам дека во наредниов период ќе излезе од печат мојот прв роман под наслов Белиот Лебед. Овај роман го пишував долго време затоа што сакав да биде така како што јас го замислив. И да биде објавен кога јас мислев дека е време. Белиот Лебед е нешто многу поинкаво од досега објавените дела во Македонија. Белиот Лебед е роман каде што се случува голема љубов, се случуваат војни, беда, сиромаштија. Белиот Лебед го претставува животот на многу луѓе, она нешто каде што љубовта го победува секое зло но и дека некогаш треба да поминеш низ многу искушенија за да на крај бидеш среќен. Секоја реченица која ја имам напишано во мене предизвикала многу емоции и сум се соживеала со истата.
ON: Вашиот блогерски и воопшто стил на пишување е искрен, уметнички, чист. Но ако ги погледнеме социјалните мрежи, ќе видиме и многу говор на омраза, лажни профили создадени наменски со цел да деградираат личности, многу навреди, негативна енергија. Зошто е тоа така и како против таквите појави?

ON: Кои се вашите идни планови. Се гледате и натаму во светот на блогерството?
Белиот лебед: Моите идни планови се мојот прв роман да доживее многу голем успех, во нашата а и во останатите држави. Па и секако потоа ќе доаѓаат уште многу книги кои ќе бидат објавени. Им ветувам на читателите дека ќе направам промоција во секој град каде што ќе можам за да можат и лично да ме запознаат. Охрид секако е мојата љубов, градот кој не сум можела да го споредам со ниеден друг град на светот. Ќе продолжам да пишувам и понатаму, и ќе се потрудам да направам нешто кое не се обидел никој до сега. Но, тоа нека остане во тајна засега.
OhridNews













