
Поворката започна од пред Владата, а потоа се упати пред канцеларијата на Претседателот на РМ, па пред Собранието и пред штабот на владејачката ВМРО – ДПМНЕ, тие велат дека не се откажуваат од идејата да бдеат пред Уставениот суд и покрај тоа што денеска таму се собраа контра-демонстрантите.
Организаторите на протестот повикаа контра-демонстрантите да се повлечат од пред платото на Уставниот, бидејќи нивниот протест бил уредно најавен.
„Апсолутно е незаконски однесувањето на контра-демонстрантите, затоа бараме тие да се повлечат, односно организаторите да понесат одговрност. Бараме од МВР да обезбеди услови да стигнеме до Уставниот суд и да поднесе кривични пријави за оние којшто се организатори на контра-протестот“, изјави Билјана Бејкова од пред Владата.
Здружението на новинарите на Македонија го повикува Уставниот суд да им дозволи на новинарите да ја следат утрешната седница на која се очекува да расправа за оценување на уставноста на одредени членови од Законот за помилување. ЗНМ се потсетува дека одлуката јавноста да се исклучи од утрешната седница е во спротивност со Деловникот на Уставниот суд. Во членот 83 јасно е предвидено дека работата на Уставниот суд е јавна.
OhridNews
Извор:„Телма“












