Вчера во текот на попладневните часови, улицата „Билјанини Извори“ на пресекот со „Ванчо Питошески“ беше блокирана за сообраќај.

Механизација која се користи во изграбадата на станбена зграда, ја стави вон функција улицата на овој потег, без соодветна сигнализација.

Граѓаните кои живеат во овој дел од градот, но и оние кои ги пречекуваат децата од градинката „Јасна Ристеска“, беа изненадени од ненајавената блокада, која повремено се повторува на оваа крстосница.

О.Т.