Ракометарите на Охрид во рамки на единаесеттото коло од Супер лигата во сабота, 8 ноември, ја пречекуваат екипата на Пролет.
Пролет е една искусна екипа која знаеше да не изненади во претодните години. Максимално сме фокусирани да одиграме најдобро што можеме и да ја продолжиме победничката низа, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Владимир Бојаниќ.
Натпреварот се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 19 часот.
OhridNews











