Екипата на Велешта, го повлече првиот потег во зимскиот преоден рок, ангажирајќи ги Бојан Спироски и Бујамин Асани.

Спиркоски во Велешта доаѓа од кратовски Силекс каде ја помина минатата полусезона додека Асани се преселува од екипата на Феризај.

Дуото ќе има задача дополнително да го подигне квалитетот на Велешта, која имаше одлична полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад, завршувајќи на втората позиција.

Следниве денови Велешта ќе започне со зимските подготовки за втората етапа во вторлогашкото друштво, а дел од подготвителниот период ќе го поминат во Охрид, тренирајќи и одигрувајќи тест натпревари.

OhridNews
Фото: Шакир Алиоски