Комплетирано е петото коло во кошаркарската Евролига, кое мина во знакот на кошаркарите на Партизан, кои со пресврт забележаа победа во Милано.

Натурализираниот македонец Лестер Бо Мекејлеб во дресот на Монтепаски Сиена ја забележа четвртата евролигашка победа. „Банкарите“ на домашен терен го совладаа Проком со 84:73, Мекејлеб натпреварот го заврши со 14 поени, 4 скока, 5 асистенции, 3 украдени топки.

Во Ц групата, Реал во Мадрид го победи Анадолу Ефес со 104:84, македонскиот репрезентативец Илиевски натпреварот го заврши со 2 поени, 2скока, 4 асистенции.

Вистинско чудо се случи во Милано. Домашниот Армани против Партизан успеа да прокоцка предност од 21 поен и да го загуби натпреварот. Партизан фуриозно ја одигра последната четвртина која ја доби со 30:9, за на крај да забележи победа од 69:65.

Евролига, 5. коло:

Група А:
Фенербахче – Канту 85:83
Каха Лаборал – Билбао 84:89
Олимпијакос – Нанси 91:78
Табела: Каха Лаборал 3-2, Фенербахче 3-2, Канту 2-3, Олимпијакос 2-3, Нанси 2-3, Билбао 2-3

Група Б:
ЦСКА Моксва – Уникаха 77:66
Загреб – Жалгирис 80:78
Бамберг – Панатинаикос 79:76
Табела: ЦСКА 5-0, Уникаха 3-2, Панатинаикос 3-2, Бамберг 2-3, Жалгирис 1-4, Загреб 1-4

Група Ц:
Макаби – Шарлроа 69:59
Реал Мадрид – Анадолу Ефес 104:84
Армани – Партизан 65:69
Табела: Макаби 4-1, Партизан 3-2, Реал Мадрид 3-2, Ефес 2-3, Милано 2-3, Шарлроа 1-4

Група Д:
Уникс – Олимпија 81:51
Галатасарај – Барселона 66:70
Монтепаски – Проком 84:73
Табела: Барселона 5-0, Монтепаски 4-1, Уникс 3-2, Галатасарај 2-3, Олимпија 1-4, Проком 0-5

Ohridnews