Десното крило Бобан Блажески и следната сезона ќе го носи дресот на Ракометниот клуб Охрид, откако ја продолжи соработката за уште една сезона.

Блажески е петтиот ракометар кој пушти рака со клубот кој и минатата го носеше дресот со „сино бела“ боја. Претходно нова соработка договорија капитенот Крсте Андоновски, Иван Тасески, Борче Соколов и голманот Јагош Брауновиќ.

РК Охрид се засили со голманот Никола Даниловски и пивотменот Кристијан Анастасовски, а најпрво го ангажираше тренерот Раде Стојановиќ.

OhridNews