Новата победа на Охрид му донесе три бодови на табелата и ново признание за ракометари кои сезонава нижат само позитивни резултати. За мечот без грешка и десетте постигнати погодоци во триумфот против Работнички (37-27), Бобан Блажески е вклучен во тимот на колото од специјализираната страна „24ракомет.мк“.

Блажески е првата виолина на Охрид во нападот. Тој е најдобар стрелец и еден од најконстатните ракометари последниве сезони во тимот.

Друштво на Блажески му прават голманот Златко Даскаловски, бековите Златко Везенковски, Ласко Андоновски и Филип Николов, лево крило е Милан Поповиќ а пивотменската позиција резервирана е за Игор Трајковски.

Симпатизерите на Охрид со глас во изборот за најдобар ракометар можат да го подржат Блажески на следниов линк.

OhridNews