Ракометниот клуб Охрид во името на Бобан Блажески има свој преставник во тимот на колото во Супер лигата во изборот на специјализираниот ракометен портал „24ракомет“.

Десното крило со вкупно 13 голови ја искина мрежата на Вардар Јуниор и беше ударна игла во триумфот 30-22 во првиот меч во Супер лигата.

Од оваа есен порталот „24ракомет“ секое коло ќе го одбира тимот на колото, а со оглед на квалитетот на охридскиот состав чудо ќе биде ако нема констано некој помеѓу најдобрите.

OhridNews