Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за последните два натпревари од Лигата на Нации. „Црвено жолтите“ во претпоследната рунда гостуваат кај селекцијте на Лихтенштајн, а во шестото коло го пречекуваат Гибралтар во Скопје.

Збирно место на избраниците на селекторот Игор Ангеловски е швајцарското место Фусисберг, каде ќе одржат неколку тренинзи пред заминувањето за Лихтенштајн. Македонската селекција ќе се комплетира денеска со доаѓањето на Горан Пандев.

  • Не очекуваат два натпревари, последни за нас во групата од Лига на нации, но сега сме фокусирани на дуелот со Лихтенштајн. Очекуваме да го потврдиме првото место во групата, со наша добра игра и освојување на три бода од Вадуц. Мислам дека сме во добра форма и очекувам подобро издание на Македонија во однос на предходниот месец. Со две победи ние сме први во групата и во тоа треба да веруваме. Секако, овој дуел ќе биде сосема различен од меѓусебната пресметка во Скопје. Мора да ја преземеме иницијативата и поседот на топка, но исто така да бидеме внимателни. – изјави Бобан Николов.

Селекторот Ангеловски има одредени проблеми на почетокот од подготовките, откако на повреди се пожалија Елиф Елмас и голманот Дени Илиев.

OhridNews