На 14 мај во Варна, Бугарија се одржа интернационалниот фестивал “Откритие“ на кој македонскиот пејач Боби Мојсовски беше поканет да присуствува како специјален гостин заедно со многу други изведувачи ширум светот.

Во 2011 година, на овој фестивал, Боби го освои Златниот клуч за најдобра вокална интерпретација и трето место за најдобра песна. Како единствен претставник на Република Македонија, Боби се претстави со неговите авторски синглови: “Те краде тој“ и “Погледни во мене“, и на барањето на публиката, ја испеа и “I want it all” од безвременската група “Queen”.

На неговиот официјален профил и фан страната, можете да слушнете дел од неговата изведба и како што пишува, наскоро ќе бидат поставени и целосните снимки од фестивалот.

OhridNews