Серијата од три победи во низа го исфрли кически Напредок, на третата позиција на табелата.

 Победите над Работнички, Металуг и последната против Силекс им даваат за право на “ѓаолите“ да се надеваат на пласман меѓу најдобрите четири во шампионатот.

– Ни преостануваат уште три рунди до паузата. Очекувам да продолжиме во исти ритам,а потоа ќе седнеме и ќе правиме математика, што како – вели охриѓанецот Драган Бочески.

Во наредната рунда, Напредок гостува кај Ренова, потоа на домашен терен го пречекува Х.Турново, а во последната рунда оди на мегдан на Вардар во Скопје.

М.П.