Кически Напредок по минималниот триумф над Турново со 1-0 на гоствуањето широко ја отвори вратата за влез меѓу најдобрите четири во националниот куп.

Охриѓанецот Драган Бочески има едно куп финале со Напредок во 2004 година, во кое претрпе минимален пораз од Слога Ј со 1-0 благодарение на голот на Беќири. Сеознава кичевци имаат убава шанса да го повторат тој успех, а нивна желба е да заиграат во финалето.

 – Мотивот да се освои победничкиот пехар на ова наше најмасовно натпреварување е огромен. Со тоа сите ние ќе влеземе во клупската историја – вели Бочески кој се надева дека ќе го поправи билансот во финалните мечеви.

За да стигнат финалето ќе мора “ѓаолите“ да ја потврдат победата над Турново, и да им се истопорат на “сигурните“ Вардар, Металруг и Тетекс.

 – Не се плашиме од никого, купот е затоа привлечен бидејќи секој секого може да елиминира. – завршува Бочески.

Реванш мечевите се играат на 10 ноември, додека финалето се игра на 24 мај.

М.П.