Драган Бочески не е повеќе тренер на Градскиот фудбалскиот клуб Охрид Лихнидос, кој се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Легендата на охридскиот фудбал оставка на позиција тренер поднесе после поразот во Дебар од Кораб, кој беше трет последователен за охриѓани од стартот на сезоната. Мечот со Пелистер, популарниот „Боче“ го проследи од трибините а „рибарите“ ги предводеше неговиот асистент Марино Маркоски.

Управата на клубот во најскоро време треба да излезе со официјален став и решение околу тренерското место. Наследникот на Бочески ќе нема ниту малку лесна работа, бидејќи Охрид покрај лошиот резултатски почеток затаи со играта во двата правци.

Охридските „сино бели“, имаат неполна недела да се консолидираат и на гостувањето кај тимот на Кадино со сите сили да атакуваат на првите бодови.

Мх.П.