Вечерва со почеток во 21:10 часот во спортската емисија  на Македонската телевизија (МТВ 1) во директен пренос  ќе се изврши извлекување на паровите за 1/2 финале од Купот на Република Македонија во организација на ФФМ.

Во барабанот ќе се најдат прволигашите Металург, Напредок, бранителот на трофејот Тетекс и лидерот во второлигашката конкуренција Тиквеш.

Охриѓанецот на клупата на Напредок, Драган Бочески кој со Напредок има едно учество во финалето 2004, очекува неговиот тим да го повтори тој успех, но и да од чекор понапред.  – Тиквеш е тимот кој го посакувам во полуфиналето. Но и да добиеме некој од прволигашите, нема лесно да помине со нас – вели Бочески.

Единствено Тетекс во оваа четворка се издрувал на триумф во финалето, тој успех ги става “штофарите“ во фаворитска улога во пресрет на одлучувачките пресметки.

М.П.