И покрај најголемиот број гласови на веб страната на ФФМ за најдобар тренер, охриѓанецот Драган Бочески не ја доби оваа награда која втора година по ред заминува во рацете на Влатко Костов.

Титулата со Ренова минатата година беше доволна за помошникот на селекторот Мирсад Јонуз, штипјанецот Костов да  ја понесе оваа награда за која според ФФМ одлучувачки биле гласовите од ОФС и новинарите.

Бочески имаше успешна календарска година зад себе и сметаше дека според постигнатите резултати тој треба да го добие ова признание. Стратегот на Напредок и младата репрезентација под 19 години, беше единствениот кој победи на анкетата на веб страната на ФФМ, но не и во изборот на ФФМ.

М.П.