Охридскиот стратег Драган Бочески е на мета на охридските второлигаши Охрид `04 и Охрид Лоте. Благодарение на одлуката за проширувањето на Втората МФЛ , охриѓани во наредната година ќе имаат можност да гледаат вторлигашки фудбал.


Љубителите на фудбалот на глас коментираат дека на Охрид му е потребен прволигаш, а до тоа најлесно би се дошло кога од двата клуба би се направил еден кој би се прошетал низ Втората МФЛ.

Бочески на стратот на пролетниот дел од сезоната беше многу блиску до постигнување договор со Охрид Лоте, но коцките не се склопија па “Боче“ замина во Напредок каде успеа да го врати во Првата  лига. За него тоа беше трет клуб кој успева да го внесе во повисок ранг. Тој по завршувањето на сезоната е слободен тренер, бидејќи неговиот договор со Напредок е завршен.

Бочески кој неодамна се врати во Русија, каде беше на усовршувње, не сакаше да ги коментира шпекулациите, но рече дека со задоволство би помогнал Охрид да добие прволигаш. По враќањето од Русија, селекторот на репрезентација под 19 години се очекува дел од искуствата да сподели со помладите колеги.

Охриѓанецот Бочески експресно го врати Напредок во елитата

М.П.