Напредок со резултатски пресврт го мина подмладениот тим на Вардар 2-1, а мечот двете екипи го завршија со еден односно двајца играчи помалку. Фахрудин Ѓурѓевиќ замина во соблекувалната во 60 минута, а Златко Ристов во 89 минута, кога од игра беше исклучен и домашниот играч Кирил Степановски.


Задоволен сум од добриот старт кој се уште не држи во ритам. Не се победува секој ден Вардар, без разлика какви се приликите во најтрофејниот клуб – рече Бочески кој во Охрид ја следеше езерската пресметка.

Црвено – црните обезбедија предност преку Пандовски во 15 минута, домаќинот израмни од пенал преку Левков во 47 минута, а за целосен пресврт се погрижи Балази.

По седум одиграни кола Напредок со 11 освоени бода се наоѓа на седмата позиција.

OhridNews