ПО одличниот старт на третиот круг во македонскиот шампионат кичевски Напредок предводен од охриѓаните Бочески на клупата и Маркоски на теренот заполови во мирни води и на добар пат е да ја оствари зацртаната цел, директен опстанок во елитата.


– Се наоѓаме во одлична форма, а најдобар показател за тоа се постигнатите резултати кои не сместија во гориот дел на табелата. Очекуваме таквиот позитвен тренд да го продолжиме против Работнички , против кого годинава немаме пораз – вели Бочески.

Напредок не само што нема пораз туку на двата одиграни меча сезонава нема примено погодок. Првиот меч во Скопје заврши 0-0, додека во Кичево “ѓаолите“ се радуваа на 2-0 победа.

Мечот против Работнички ќе биде генерална проба пред мечот во купот против Металург во среда. – Одиме чекор по чекор, прво да го “решиме“ Работнички, па ќе мислиме за Купот – завршува Бочески.

Ohridnews