Охриѓанецот Драган Бочески смета дека постигнатите резултати на клупата на Напредок и репрезентацијата на Македонија под 19 години, го ставаат во фаворитска улога за освојување на наградата најдобар тренер за 2010 во изборот на ФФМ.

 – Минатата година е една од најуспешните во мојата тренерска кариера. Во првиот дел успеавме со Напредок директно да обезбедиме пласман во Првата лига. Добрите резултати ги продолживме и во елитата, каде покрај тоа што сме во средината на табелата стигнавме и до полуфиналето во националниот куп. Макотрпната работа со македонските фудбалски надежи резултираше со пласман во елитната рунда од квалификациите за ЕП 2011. Мислам дека повеќе од заслужено ќе биде да ја освојам наградата – вели Бочески.

Покрај Бочески во изборот за најдобар тренер се уште Влатко Костов, Зоран Стратев и Тони Јакимоски. Гласењето на анкетата трае до 20 декември.

Линкот на кој може да гласате за Најдобар тренер за 2010

М.П.