Конторлните средби на надежната репрезентација за фудбалери под 19 години со соодветната селекција на нашиот јужен сосед ќе бидат првите средби за една наша фудбалска репрезентација во новата 2011 година. Избраниците на Драган Бочески на мини подготовките во Охрид, но и на мечот со грците ќе се обидат до уиграат некои варијанти и комбинации кои треба да дадат резултати кон крајот на мај кога се игра квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во Романија.


–    Планираме секој месец да имаме по еден собир на кој ќе го анализираме сработеното и ќе се обидуваме да ги отсраниме направените грешки. Одиме во Грција да се надигруваме, резултатот не ни е во прв план бидеќи сите овие натпревари се во функција на проба на некои нови фудбалери, и очекувам до мај  екипата да ја осзвежиме со три до четири нови играчи – вели Бочески кој срдечно беше пречекан од охриѓани на “Билјанини Извори“.


Костурот на репрезентацијата е познат и товарот ќе го понесат оние фудбалери кои играа и во Сараево на предквалификациите. На пријателски средби ќе се бара системот на игра кој треба да биде добитна комбинација во мај кога се игра квалификацискиот циклус. Селекторот Бочески смета дека нема да има дополнително психолошко оптеретување за младите фудбалери играњето против Грција.


–    Нема да биде дополнителен притисок играњето против Грција, нас не не’ интересира политиката, и тоа прашање ќе го оставиме за политичарите.  Добро го познавам грчкиот фудбал, каде поминав дел од фудбалската кариера, тие негуваат цврста фудбал и далеку по груба игра за разлика од нас кои сме технички подобри и потковани, нема од што да стравуваме одиме да играме фудбал – рече Бочески.

Наредниот месец меѓу себе ќе спарингуваат репрезентативците под 19 и под 21 година, додека во Март и Април планирани се тест средби со Романија и Белорусија.

Квалификацискиот турнир се игра од 31 мај до 5 јуни во Труција, а покрај домаќинот во група со Македонија се
Германија и Унгарија. Само првопласираниот тим ќе обезбеди пласман на ЕП во Романија (20 Јули – 1 август).