По одиграната есенската етапа тимот на охриѓанецот Драган Бочески со 24 освоени бода  завршија на седмата позција. Постигнати беа седум победи , три ремија и осум порази. Кичевци постигнаа 18 а примија 24 гола.

Најдобар стрелец во тимот е Благој Левков кој постигна шест погодоци. 10 – та на “ѓаолите“ охриѓанецот Ристе Маркоски два пати се запиша во листата на стрелци, и тоа двапати на натпревари против Брегалница.

Со две раце ќе прифатевме ваков расплет на настаните на стартот на шампионатот, очекуваме од 15 до 18 бода, а завршивме со 24. Мора да бидеме задоволни од прижаното, бидјеќи годинава имавме драстично помлада екипа, во која има пет шест стандарни фудбалери кои се под 20 години. Постигнатите резултати се над Управниот Одбор во клубот – вели Бочески.

Покрај солидното бодовно конто Напредок напредуваше и во националниот куп, каде успеа да стигне до полуфиналето. Попатни елиминирани беа Еуромилк на пенали 5-4, во втората рунда струшки Влазними со севкупни 4-2, додека во четвртфиналето Брегалница со 2-0. 

Успешно се држевме на двата фронта, пласманот во полуфиналето да го потврдиме нашиот квалитет – истакна Бочески.

Кичевци ќе продолжат да тренираат до средината на декември, по што ќе добијат слободно. Првиот зимски собир и воедно почетокот на подготовките за следната сезона е планиран за 12 јануари 2011 година.

М.П.