Попладнево се играат првите четвртфинални натпревари од националниот фудбалски куп. Тимот на кичевски Напредок, предводен од клупата од охриѓанецот Драган Бочески гостува кај “ранетиот“ Работнички.  Популарниот “Боче“ е оптимист оти неговиот тим може да извлече поволен резултат и да го повтори ланскиот успех кога се најде меѓу најдобрите четири во купот.


– Наша примарна цел е да оствариме што поповолен резултат за реванш мечот. По поразот на Работнички од Охрид во првенстото, сигурно дека ќе сакаат да се рехабилитираат во купот, но ние не сме екипа за потценување и сигурно дека наша желба е да стигнеме што подалеку во ова натпреварување – рече Бочески, кој со тимот на Напредок играше во финалето од купот во 2003 година.

Мечот Работнички – Напредок поради санацијата на теренот на “Филип Втори“ ќе се игра на стадионот во Маџари.

Покрај овој уште се играат и натпреварите : Ренова – Тетекс, Хоризонт Турново – Брегалница, Вардар – 11 Октомври.

Реванш мечевите се играат на 9 ноември.

OhridNews