Третата рунда во македонскиот шампионат во Кичево го носи најтрофејниот македонски клуб Вардар. Во двете воведни рунди избраниците на Драган Бочески забележаа две минимални победи од 1-0 против Силекс на домашен терен и Брегалница на гости.


Скопски Вардар, заедно со Металург и Напредок се единствените три екипи со максимален учинок по првите две рунди. Вардар славеше против 11 Октомври и Работнички со 1-0 благодарение на погодоците на Филип Иваноски.



– Одиме на победа. Подоготвени сме, знаеме што не чека, Вардар се враќа на вистинските патеки, но силниот Вардар е уште поголем мотив за мене, за моите играчи и секако за публиката. Нема да се залетаме , но нема ниту да се повлечеме и да чекаме контри – вели стратегот на кичевци Драган Бочески.

 


За мечот со Вардар, Бочески може да смета на најсилниот состав, додека и Илчо Георгиевски во Кичево ќе допатува со најсилниот тим.

Одмерот на силите започнува во 16.30 минути а ќе го води прилепчанецот Горан Спиркоски.

М.П.