Кичевски Напредок и наредната година ќе биде дел од фудбалската елита. Тимот кој лани се врати на прволигашката мапа, успеа преку баражот да се избори за опстанок.


Целта на стартот на шампионатот беше осигурувањето на опстанокот, а кога на тоа ќе се придодаде и пласманот во полуфиналето од националниот куп во целост може да се рече дека сезоната е успешна.

– Целта е исполнета, потешко од очекувањата но најважно е што на крајот успеавме да го обезбедиме опстанокот, што и беше примарна цел на стартот на сезоната – рече охриѓанецот на клупата на Напредок, Драган Бочески.

Неизвесна е тренерската иднина на Бочески, кого го поскауваат на охридската клупа, но исто така отворена останува за него и вратата во Напредок.

М.П.