Напредок го совлада Охрид со 2-1 и им се реваншираше на “белите“ за поразот во првиот тест меч на подготовките во Охрид. “Портокаловите“ имаа негатива во првиот дел, која благодарение на Главески усепаа да ја стопат и да ја претворат во победа.

– Со оглед на условите во кои работиме , мора да бидеме задоволни од досега сработеното. Тестот со Охрид беше одлична можност да им дадам шанса на сите фудбалери, а на овие натпревари резултатот ни е во втор план – рече Драган Бочески. 

Напредок во Охрид има договорено уште две контроли и тоа со второлигашот Охрид Лоте и тетовска Ренова. За кичевскиот тим приоритет во лигата останува обезбедувањето на опстанокот. 
М.П.