Кичевски Напредок во новата сезона, втора во низа во Првата лига во воведниот меч на домашен терен је пречекува екипата на Силекс.


Избраниците на Драган Бочески, кои минатата година преку баражот изборија опстанок, ги очекува тежок меч против една од најконстните екипи во нашиот шампионат.

– Важно е да се започне новата сезона со победа. Секој бод е битен во шампионатот во кој влегуваме со цел да го избориме опстанокот – вели стратегот на “ѓаолите“, Драган Бочески.


И покрај најавите за негово менување на средината, Бочески во новата сезона ќе го предводи Напредок. Селекторот на селекцијата под 19 години, не најде заеднчики јазик со албанскиот Билиш, по што се одлучи да остане во Кичево.

М.П.