Македонската репрезентација за фудбалери под 19 години од денес до 29 септември во Охрид ќе се подготвува за претквалификацискиот турнир за ЕП 2011г. во Романија.


Селекторот Драган Бочевски е оптимистички расположен пред квалификациските мечеви.  – Оптимист сум како и секогаш. Во последен момент поради повреда отпаднаа Буфи од Палермо и Колев од Мост – не информираше селекторот.

Натпреварите ќе се играат во Сараево (БиХ) на стадионите на ФК Сараево и ФК Железничар. Во група покрај домаќинот БиХ и Македонија се уште и селекциите на Белорусија и Чешка.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
01. 10. Македонија – Чешка, Белорусија –БиХ
03. 10. Македонија – Белорусија , Чешка – БиХ
06. 10. Македонија –БиХ, Белорусија – Чешка.

OhridNews