Охриѓанецот Драган Бочески е пред напуштање на клупата на кичевски Напредок. Стратегот деновиве е во интензивни преговори со една албанска екипа, која според најавите е сериозна во својата намера да го види охриѓанецот на својата клупа, а подготвен е буџет со кој наредната сезона ќе се брка излез во Европа.


Бочески со тимот на Напредок сезонава преку баражот успеа да избори опстанок, а во полуфиналето од националниот куп беше елиминиран од освојувачот Металруг.

Ако управата на клубот не` испратеше финански, сезоната ќе беше уште поуспешна – вели Бочески.

Деновиве ќе финализираат преговорите по што ќе биде позната иднината на селекторот на македонската репрезентација под 19 години.

Минатата сезона во Албанија во клубот Балиш, работеше поранешниот македонски селектор Никола Илиевски – Џиџи, кој во меѓу време и се врати на селекторската клупа предводејќи ја репрезентацијата на Бангладеш.

М.П.