Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе изврши увид во градежните активности на Поделница 5 на автопатот Кичево – Охрид.

На увидот, како што информираат од Министерството за транспорт и врски, ќе присуствува и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Проектот на две влади ја доживува осмата година на изградба која стартуваше во 2014 година, а од Министерството за транспорт и врски и за годинава најавија интензивирање на градежните работи.

Според првиот договор, изградбата на автопатот требаше да биде завршена во 2018 година, но по промената на власта со Анекс на Договорот, рокот беше пролонгиран за 30 јуни 2021 година, со образложение дека имало пропусти во проектирањето. Крајниот рок е повторно пролонгиран, овој пат до крајот на 2023 година.

OhridNews