Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменик министерот Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, денеска извршија увид на реконструираната делница од Подмоље до Охрид. Од денеска согласно времениот режим, делницата ќе биде вратена за сообраќај, а со тоа граѓаните и туристите повторно ќе можат да го користат за сообраќај овој дел од влезот во Охрид.

Силниот ангажман на тимот од Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со МВР и други институции, како и изведувачот и надзорниот орган, се подвлекува во денешното соопштение од Министерство за транспорт и врски, придонело градежните активности на овој дел од патниот правец да бидат завршени и пред зададениот рок, се со цел сообраќајот да се врати во првобитниот режим и да се обезбеди нормализирање на туристичката сезона.
Пред извесно време бевме тука заедно со директорот и ветивме дека ќе ги завршиме градежните работи на овој дел од влезот во Охрид. Денеска сме тука и пред рокот што го најавивме за да се уверуме дека активностите се завршени. Од денеска повторно ќе ја вратиме во режим на времен сообраќај делницата од Подмоље до Охрид и ќе овозможиме сообраќајот да се одвива по главната траса. Ветивме дека се што правиме е во насока на создавање на подобри услови за туристичката сезона, така ќе продолжиме и во наредниот период., истакнал министерот Бочварски.
Како што се додава во соопштението, директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, нагласил дека се направени силни напори со сите институции и изведувачи делницата на главната траса да ја стават во функција.

СВР Охрид претходно информираше дека со пуштањето на делницата од Охрид до Подмоље престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид-Струга.
Апелираме до возачите на внимателно управување со своите моторни возила и прилагодување на брзината спрема состојбите и условите на патот, велат од СВР Охрид.
OhridNews












