Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски се надева дека во најскоро време Собранието ќе ја усвои одлуката на Владата за анекс-договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, зафат вреден 600 милиони евра.
Според Бочварски преговорите за продолжување на рокот на анекс-договорот траат повеќе месеци а истиот веќе е усвоен во Владата и се испраќа до Собранието.
Министерот појаснува дека со анексот сумата која ќе биде потребна за изградба на автопатот останува иста, со измената само се продолжува рокот за изградба на автопатот и се даваат обврски и одговорниости кои треба да ги завршат изведувачите и државата да ги заврши.
Посакувам на првата наредна собраниска седница да биде првата точка за да се усвои во најскоро време, за да може да имаме силни градежни активности во наредниот период. Државата ги презеде своите активности и одговорности, но во овој нов анекс имаме ограничување и мерки кои ги даваме и ние како држава спрема изведувачите за да можат и тие со своите гаранции за рокот за конечна изградба на сите подделници да гарантираат пред државата дека ќе ги почитуваат тие рокови. Во еден партнерски однос очекувам дека ќе продолжиме за да го завршиме овој автопат до крајот на 2023 година. Тоа е многу сериозно автопатско решение, вредно 600 милиона евра, изјави Бочварски на увидот на работите на втората делница на експресниот пат Градско – Прилеп кој го изврши денеска.
OhridNews













