Охрид`04 остана непоразен во дербито од втората македонска лига на гостувањето кај Тиквеш, ремирзирајќи 1-1.

Избраниците на Ѓорески, први стигнаа до предност во 24 минута по погодокот на Дарко Клечкароски. Неколку минути подоцна од прекин домаќините го изедначија резултатат на 1-1 преки Костадиновски.

Во вториот дел одличната тактичка поставеност им овозможи на “рибарите“ неколку гол шанси кои не успеаа да ги реализираат.

Капитенот Игор Клечкароски се најде во одлична можност да го совлада младинскиот репрезентативец Ефремов, но не` му појде од нога на охридската деветка.

Во наредното коло на домашен терен Охрид ќе игра против Влазними.