Tежок инцидент се случи на натпревар во бодибилдинг одржан во Атина, откако натпреварувач физички се пресметна со судијата. Гркот Јанис Магос во моментот кога му станало јасно дека нема да го освои првото место, решил да се пресмета со судиите. 

Бодибилдерот слегол од трибините се упатил кон делот каде што биле судиите и на еден од нив му удрил шлаканица, а потоа продолжил да се изживува врз судијата кој паднал како покосен. Уште потежок инцидент спречило обезбедувањето.

OhridNews