Второпласираниот тим на табелата во Премиер лигата, Челси освоениот бод ремизирајќи со Свонси (2-2) може скапо да го чини, откако капитенот Џон Тери со штаки го напушти стадионот.
Предводникот на одбраната на „сините“ се повреди во финишот и со болни гримаси на лицето го заврши натпреварот кој по многу возбудувања заврши без победник.
Се уште не се обелодените првите прогнози, но според англиските медиуми левиот зглоб на Тери не изгледал најдобро. „Сините“ немаат обврски во европските натпреварувања и следен меч кој го играат е дербито со Ливерпул во петок.
OhridNews