Охрид Лоте со 3-2 ја совлада Победа Јуниор и прокнижи три нови бода во меч кој покрај големата желба за победа го одбележа судијата Валтон кој оправдано им покажа три црвени картони на гостите.
Едно полувреме им беше потребно на актерите наа мечот да се “загреат“ и да покажат што знаат им умееат пред малубројната охридска публика. Први во предност дојдоа домаќините во 53 минута кога по додавањето на Далчев, Китрозоски го совлада Апостоловски. Петнаесетина минути во предност беа “градежниците“ кога дојде 67 минута кога настана “бурата“ во Охрид.
Прво гостите изедначија на 1-1 преку Карчески кој со глава го совлада Капрически по продорот и центаршутот на Талесеки. Само една минута подоцна “црвено-жолтите“ повторно дојдоа во предност. Стрелецот на првиот гол Китрозоски продре по десната страна се ослободи од Вељаноски и го проигра Бакулекси кој со удар по земја по втор пат на мечот го совлада несиугурниот Апостоловски. Ниту гостите не чекаа многу и брзо возвратија преку Гиноски кој доби употреблива топка во празно од Петрески и со удар по земја го матираше Капрически.
Пет минути подоцна охриѓани по трет пат во мечот дојдоа во предност. Вељаноски нафрли во казнетиот простор Толески беше најснаодлив во мешаницата биеше,одбрани Апостоловски а на одбиената топка натрча Далчев и ја смести во празната мрежа. Овој гол предизивка бурни реакции кај гостинската екипа.
Во протестите предничеше голманот Апостолоски кој го нападна главниот судија . Поради удирање и плукање Валтон му го покажа патот кон соблекувалната. По ваквата реакција гостите останаа со играч помалку.
Во 90 минута поради протест втор жолт картон заработи и Карчески, а по последниот судиски свиреж поради неспортски однос втор жолт, односно црвен заработи и Вељаноски.
ГРК Охрид забележа голема победа во дербито од 6 коло на ракометната Суперлига, совладувајќи го Алкалоид вечерва во „Билјанини Извори“ со 26:24 (15:11) Со новите два бода охриѓани се искачија на че...
ГФК Охрид Лихнидос и Брера Струмица одиграа 2:2 попладнево на „Билјанини Извори“, во натпреварот од 7 коло во Втората македонска фудбалска лига Охрид практично целиот натпревар го одигра со фудбале...
Во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид финансирана од Општина Охрид во ООУ Братство Единство Охрид беше организиран XI Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2026 младинци, за...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.