Викендов на фудбалските терени во Охрид и Струга ќе кулминираат контролните натпревари во подготвителниот период.

Богатата фудбалска понуда ќе има супер вовед. Денеска на СРЦ „Билјанини Извори“ силите ќе ги одмерат прволигашите Работнички – Шкендија. Мечот започнува во 17 часот.

В сабота возбудувањата ќе стартуваат уште во 10 часот претпладне. Составот на Охрид на стадионот од ФК Караорман во Струга ќе се сретне со Кораб. Мечевите ќе продолжат попладне во Охрид со дуелите Работнички – Тиквеш (16ч), Ренова – Пелистер (18ч).

Фудбалската програмата ќе заврши в недела со дуелот помеѓу Струга Трим Лум – Шкупи во Струга. Средбата стартува во 17 часот.

Распоред:

Петок: Работнички – Шкендија (17ч)

Сабота: Охрид – Кораб (10ч), Работнички – Тиквеш (16ч), Ренова – Пелистер (18ч)

Недела: Струга Трим Лум – Шкупи (17ч)