Во сабота, 9- ти март, охриѓани ќе можат да ја видат претставата „Емигранти“ од Славомир Мрожек во режија на Ирена Стеријовска. Истата претстава ќе се прикажува и на 15- ти март.
На 16- ти март на репертоарот е претставата „Полицајци“,режија и адаптација Андреј Цветановски, а охриѓани оваа претстава ќе можат да ја видат и на 23- ти март.
На 22- ри март ќе се прикажува претставата „Ај да си речиме уште една“ во режија на Андреј Цветановски, а на 29- ти и 30- ти март публиката ќе може да ја проследи и претставата „Малограѓанска свадба“ од Бертолд Брехт во режија на Дејан Пројковски.